Скалони: Играчите ме нарекуваат плачко, но…

Дерби

08/07/2026

12:16

427

Големина на фонт

а а а

Аргентина избори место во четвртфиналето на Светското првенство, но многу потешко од очекувањата со огромен пресврт во соочувањето со Египет.

Аргентинеците беа пред елиминација, губеа со 2-0 до 79 минута кога јужномамериканците тргнаа во комплетна офанзивна, ја подобрија реализацијата со со три гола дојдоа до конечно славје до 3-2.

Овој триумф донесе доста емоции, не само кај капитенот Лионел Меси туку и кај селекторот Лионел Скалони.

- Секогаш сум емотивен. Понекогаш солзите едноставно ми течат. Имаше солзи и во соблекувалната. Момците дури ме нарекуваат „плачко“, но не ми е гајле. За сите нас кои играме фудбал 20 години, повторно да го доживееме она што го чувствувавме денес е неверојатно. Мислам дека повеќето тренери кои самите биле фудбалери се впуштаат во оваа работа токму за вакви денови, за тие емоции и тој адреналин, - истакна Скалони кој верувал дека ќе бидат наградени поради играта.

- Секогаш чувствував дека играта е на наша страна. Без оглед на резултатот, не мислам дека тимот играше лошо. Создадовме шанси. Беше полошо против Зеленортски Острови, тогаш бевме навистина во проблеми. Денес, дури и при 0-2, имаше чувство дека во одреден момент ќе добиеме шанса и ќе успееме да ги свртиме работите. Денес игравме сосема поинаков фудбал.

- Без разлика што ќе се случи од сега па натаму, овој тим ми дава чувство дека никогаш не престануваат да веруваат, дури и кога се чини дека сè е тргнато наопаку, - порача предводникот на Аргентинците.