МЗТ Скопје ќе биде активен во повеќе конкуренции во новата сезона што значи нови предизици на кои ќе треба соодветно да се одговори.
„Металците“ ќе треба да состават квалитетен тим затоа што ќе играат во домашното првенство, АБА2 лигата и ФИБА Еврокупот, а првото засилување е македонски репрезентативец.
Нов член на клубот од Аеродром е Лука Стојановски за кого ова ќе виде враќање во добра позната средина. Тој го носеше сино-белиот дрес во сезоната 2018/19, потоа, три години беше дел од Академија ФМП, играше и за Еуро Никел, а изминатите три сезони ги мина во редовите на Пелистер.
- Ова е само почеток… Следуваат уште новости, - порачаа од таборот на македонскиот шампион.







