[ФОТО] Неговата идеја ги воодушеви експертите: Со само 12 години осмислил изум што би можел да ги заштити градовите од поплави

Точка

07/07/2026

17:40

602

Големина на фонт

а а а

Еден училиштен проект во Мајами прераснал во награден експеримент што нуди ново решение за управување со дождовницата во градовите.

Ученик во шесто одделение од Мајами низ прозорецот на својот дом набљудувал сцена што повеќето луѓе ја доживуваат како обично невреме. Улиците биле под вода, гаражите поплавени, а градот секогаш кога ќе наврнел посилен дожд накратко ја губел својата вообичаена функционалност.


Наместо да го прифати тоа како секојдневие, поставил едноставно прашање:

Зошто бетонот ја одбива водата наместо да ја впива?

Од тоа прашање се родила идејата што го одвела до низа експерименти. Лука Дарам почнал да истражува како обичниот бетон би можел да ги промени своите својства и да функционира како сунѓер што впива дождовница. Неговата цел не била само решавање на локален проблем, туку и пронаоѓање начин да се ублажат поплавите.

Во текот на експериментите користел материјали што најчесто се сметаат за отпад. Ситно издробени лушпи од остриги и јаглен биле додадени во составот на бетонот, при што се создале ситни шуплини и канали низ кои водата може да поминува, наместо да се задржува на површината.


Идејата била едноставна, но нејзината реализација не била лесна. Колку што бетонот станувал попропустлив за вода, толку постоела поголема опасност да ја изгуби својата цврстина и да стане покршлив.

Особено интересно било тоа што во текот на истражувањето се покажало дека најуспешните мешавини не биле оние што ученикот првично ги очекувал. Експериментите го довеле до различни комбинации на материјали, потврдувајќи дека науката често не ги следи почетните претпоставки, туку резултатите до кои се доаѓа преку истражување.


Неговиот проект бил награден на училишен научен натпревар, каде што добил признание за млад пронаоѓач и стекнал значајно признание на возраст кога повеќето деца допрва ги прават своите први чекори во науката.

Меѓутоа, зад оваа приказна не се крие само успешен училиштен проект. Мајами со години се соочува со чести поплави поради својата географска положба и обилните врнежи. Поради тоа, идејата за бетон што впива вода претставува многу повеќе од интересен експеримент – би можела да биде едно од можните решенија за проблемот што од година во година станува сè посериозен.