Јелена Розга првпат проговори за здравствените проблеми со кои се соочува: „Ми се лепи устата, примам терапија“

Точка

01/07/2026

21:57

687

Големина на фонт

а а а

„Имам инсулинска резистенција и шеќерот ми лудее“, открила пејачката Јелена Розга (48) за „Ин магазин“ по втората вечер од фестивалот „Мелодии на Јадранот“ во Сплит.

Пред да замине на американската турнеја во март, таа направила анализи, по што морала да прима терапија и целосно да ја промени исхраната.


„Ме ставија на терапија. Имам инсулинска резистенција и шеќерот многу ми варира. Ми се случува на сцената нивото на шеќер нагло да ми падне и да се чувствувам многу слабо. Потоа морам да испијам нешто благо. Морам да јадам многу оброци. Нутриционистката ми состави мени и морам да јадам пет пати на ден. Тоа е, со оглед на мојата работа и патувањата, малку и тешко и напорно, но навистина се трудам, таблети пијам трипати на ден“, рекла таа.

Јелена ги чувствувала првите симптоми со години.

„Со години чувствувам дека се случуваат некои промени. Постојано бев жедна, на сцена останував без течности, откако ќе испиев чаша вода, постојано бев гладна, а тежината ми се намалуваше“, открила пејачката.


Розга се чувствува добро денес.

„Во тој момент престанав да јадам чоколадо, исфрлив сигурно 70 отсто јаглехидрати, а на крајот на краиштата, обожавам месо и риба, така што мене ми е топ. Имам замени без шеќер, се снајдов, но мојот најголем проблем е на сцената, ми се лепи устата“, рекла таа.

И покрај здравствените предизвици, Розга ниту овој пат не ја разочара публиката. Во Сплит, таа им подари на своите сограѓани повеќе од два часа музика и емоции, а за време на концертот не успеа да ги задржи солзите неколку пати.


Инаку, Јелена е во среќна врска со Иван Хуљиќ, синот на хрватскиот композитор Тончи Хулиќ, кој исто така бил во публиката на концертот во Сплит.

„Убаво ми е, среќна сум. Едноставно го оставив и мислам дека тоа е најпаметно и некако најдоброто за мене“, заклучила Розга.