Актерката Хантер Кинг, голема обожавателка на франшизата „Џекес“ одлучила тоа искуство да го сподели со својата баба, а одењето во кино го документирала со снимка.
32-годишната актерка, позната по улогите на Холмарк Шанел, ја однела баба ѝ Елејн во кино за да го гледаат најновото продолжение „Jackass: Best and Last“ (Џекес: Најдобриот и Последниот) за време на првиот викенд од прикажувањето и тоа кратко откако се вратила од меден месец со сопругот Крис Копиер.
Ја подготвила за одењето во кино
Ден претходно Хантер преку видеоповик ѝ објаснила на баба ѝ што да очекува во филмот, вклучувајќи и сцена каде што Стив-О лета во воздух во пренослив тоалет и завршува целосно „покриен со измет“. „Тоа е Џекес. Дали би те интересирало да одиш?“, прашала Хантер. Откако нејзината баба одговорила: „Одиме“ мајката на Хантер се насмеала и додала: „Нема ништо подобро од тоа да ја однесеш својата 86-годишна баба да го гледа Џекес“.
Реакции од кино-салата
Хантер на ТикТок објавила видео на кое ги прикажала реакциите на нејзината баба. За време на филмот Елејн ги следела сцените со изрази на шок и згрозеност, а на крајот заклучила: „Ми треба пијачка“. Додека излегувале од киното, саркастично додала: „Ох, беше прекрасно. Навистина уживав. Едвај чекам што поскоро да ги гледам и останатите. „Ниту 85 години живот не можеа да ја подготват баба ми за Џекес“ напишала Хантер во описот на видеото на ТикТок.





