„Загрижен сум за односот на мојата сестра и Доналд Трамп - таа го обожава, а е 50 години помлада од него“

Точка

28/06/2026

10:13

1.025

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп има своја омилена помошничка, која е речиси 50 години помлада од него, а трча по него дење и ноќе, му покажува неизмерна љубов и поддршка, па дури го добила и прекарот „човечки принтер“, бидејќи секојдневно го следи американскиот претседател, носејќи му вести што тој сака да ги прочита — испечатени на хартија.

Нивниот однос и опсесијата на 34-годишната Натали Харп со 80-годишниот Трамп го привлекоа вниманието на медиумите и критичарите, како и на нејзиниот отуѓен брат, Престон Харп (38), кој јавно го коментирал тоа. Тој за „Дејли Бист“ го нарекол нивниот однос „многу нездрав“, остро критикувајќи ја нивната блискост. Престон го нарекол Трамп „национален срам“, додека за сестра си рекол: „Таа е како негов фан-клуб.“


Трагичната смрт на таткото на Натали и Престон во 2020 година создала длабок раскол во семејството, оставајќи ја блиско поврзана со мајка ѝ Џил, но отуѓена од остатокот од семејството.

Престон раскажал дека тој бил поблизок со татко им, додека Натали била поврзана со мајка им, која ја опишал како екстремно религиозна. Во моментот на смртта на татко му, тој пристигнал дома кога му кажале дека си го одзел животот.


„Мајка ми и сестра ми сакаа да кажат дека починал во сон. Таква тајна едноставно не можам да чувам“, рекол Престон.

И оттогаш како што раскажал семејниот однос не бил обновен.

Харп првпат јавно му се заблагодарила на Трамп во 2019 година, кога го победила ракот на коските, велејќи тогаш дека тој е нејзин „спасител“, бидејќи го потпишал Законот за право на судење, што, како што рекла таа, ѝ овозможило експериментален третман, иако „Вашингтон пост“ го доведе во прашање оваа тврдење. Говорот го одржала еден месец по смртта на татко ѝ.


На неговиот тим му се приклучила во 2022 година, но без официјална улога, додека претходно работела како водителка на десничарската новинска мрежа ОАН. Оттогаш се искачила во хиерархијата и станала омилената лична асистентка на Трамп, а нејзината лојалност кон претседателот станала толку интензивна што предизвикала загриженост во Тајната служба, пишува „Дејли Бист“.


Новинарите на „Њујорк Тајмс“ пишувале за тоа како Харп оставала пораки и спомени за Трамп во неговите „лични простори“ пред да му се приклучи на персоналот на Белата куќа. На една од нив наводно пишувало: „Ти си сè што ми е важно“. Тие пораки и писма ја загрижиле идната шефица на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс.


Престон немал поим дека неговата сестра почнала да работи за Трамп сè додека пријател не му покажал напис во „Дејли Мејл“ за „гламурозната нова асистентка“ во март 2023 година.


„Тој ми рече: ’Еј, го виде ли Дејли Мејл? Мораш да го видиш ова‘, а јас одговорив: ’О, Боже мој, сестра ми е во Дејли Мејл и работи за Трамп!‘ И немав поим. Тоа едноставно предизвика некаква когнитивна дисонанција. Не разбирам зошто мојата сестра или кој било друг би сакал да работи за Трамп“, раскажал Престон.


На почетокот на својот втор мандат, Трамп му рекол на својот тим дека Харп е „единствената што го сакала колку и неговата сопруга и децата“, пренесе „Regime Change“.

„Сите вие ќе заминете и ќе заработите пари. Таа никогаш нема да ме остави“, наводно рекол американскиот претседател.