Капело знае кој треба да биде италијански селектор: На нашиот фудбал му е потребен шок…

Дерби

26/06/2026

11:23

311

Големина на фонт

а а а

Италија избра нов претседател на фудбалската федерација во името на Џовани Малаго и сега се очекува да се забрза процесот за бирање на селектор, официјален наследник на Џенаро Гатузо кој се повлече од функцијата откако репрезентацијата не избори пласман на Светското првенство.

Во меѓувреме националниот тим привремено го водеше Силвио Балдани, но тој нема да добие шанса да продолжи и информаците од Италија се дека во игра се две значајни имиња-Антонио Конте и Роберто Манчини.

Легендарниот Фабио Капело со внимание ги следи овие вести и тој лично нема дилемо кој треба да биде на клупата на „аѕурите“.

- Зборуваме за битка помеѓу двајца одлични тренери, двајцата победници. Антонио е мој избор. Конте е тренер кој има непосредно влијание, врз играчите, врз резултатите. Тој ретко прави грешки кога е повикан да започне нова авантура.На нашиот фудбал му е потребен шок. Би рекол убава шок терапија, а кој е подобар од Конте?, -вели Капело кој смета дека Манчини не заслужува да биде селектор по она што го направи пред неколку години.

- Една недела пред средината на август, тој беше на вечера со претседателот на ФИГЦ, Гравина. И, една недела подоцна, тој му кажува дека ја избрал опцијата за Саудиска Арабија. Тоа беше сторено пред три лета. Фактите се премногу неодамнешни за да се заборават или да се тргнат настрана.

- Го поддржувам Антонио затоа што е негово време. Можете да ја почувствувате желбата на Конте да се врати во репрезентацијата и да ја заврши работата што ја започна пред неколку години. И токму тој го кажа тоа, дека еден ден повторно ќе биде селектор.

- Манчини? Браво, многу добро. Ни го даде сонот за ЕУРО 2021, победата на домашен терен на Англичаните на Вембли. Немам што повеќе да кажам за тоа, но мислам дека Конте би бил подобар, - порача дон Фабио.