Тео Ернандез едно време важеше за еден од најдобрите леви бекови на светот, неуморна „машина“ на таа лева страна, играч кој може да одговори како дефанзивно така и офанзивно.
Меѓутоа веќе некое време бележи пад во формата, а во тоа дополнително продонесе и преселбата во Саудиска Арабија во Ал Хилал. Тој и понатаму е дел од француската репрезентација, ама не беше добар настап против Ирак и вчера Дешамп му даде шанса на Дињ на неговото место.
Останува да се види каков ќе му биде статусот во националниот тим, но во меѓувреме италијанските медиуми најавуваат неговото потенцијално враќање на Апенините. Повеќе медиуми пренесуваат дека Комо и Јувентус пројавуваат интерес за неговите услуги.
Комо ќе игра во ЛШ и ова може да биде адут за Сеск Фабрегас да го убеди Ернандез да се приклучи на амбициозниот проект.
Од другата страна Јуве во Тео гледа алтернатива за Андреа Камбијасо во случај да Италијанецот го напушти Торино. Спалети го почитува бекот и ги цени неговите квалитети со тоа што во овој и при првата опција (Комо) дефанзивецот ќе мора да прифати намалување на платата.







