[ФОТО] Иранците оставија трогателна порака за мир во соблекувалната: Им се заблагодарија на Американците за гостопримството во Лос Анџелес

Точка

22/06/2026

17:48

719

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Иран по ремито со Белгија (0:0) во второто коло од групата Г на Светското првенство, оставија трогателна порака во соблекувалната.

Иранците ги одиграа двата воведни натпревари на Светското првенство на стадионот „СоФи“ во Лос Анџелес, а во двата наврати Американците им дозволија да останат во Градот на ангелите уште 24 часа пред да се вратат во репрезентативниот камп во Мексико.


Но, и покрај таквиот третман, Иранците им се заблагодарија на Американците за гостопримството и испратија порака за мир и љубов.



„Од древна Персија, стара повеќе илјади години, до денешен цивилизиран Иран, духот на Иран останува жив и непоколеблив. Дојдовме во Лос Анџелес со гордост, се натпреварувавме чесно и заминуваме со достоинство.

Му благодариме на Лос Анџелес за гостопримството.

И му благодариме на секој Иранец кој во текот на овие 180 минути ги даде своето срце, глас и душа за Иран.

Нека мирот, почитта и пријателството надвладеат меѓу сите народи“, стои во пораката украсена со две срца, која иранските фудбалери ја оставија во соблекувалната по дуелот со Белгија.


Иранците третиот натпревар во групата Г против Египет ќе го одиграат на 27 јуни во 5 часот, исто така во Соединетите Американски Држави, но во Сиетл.