Ибрахимовиќ му се поклони на Меси: Неверојатен, има моменти кога…

Дерби

23/06/2026

12:13

315

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси со уште една квалитетна партија донесе победа за Аргентина и пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Напаѓачот на Интер Мајами во првото коло реализираше хет-трик против Алжир, додека вчера даде два погодоци против Австрија, плус промаши и пенал што значи можеше многу лесно да дојде до нова „тројка“.

Меси собори многу рекорди, а со своите изданија изнуди и многу легенди да му се поклонат како што е Златан Ибрахимовиќ кој е познат по тоа што не се расфрла со зборови, комплименти за другите.

- Немаше сомнеж (дека ќе го собори рекордот за голови). Има моменти кога Меси изгледа како човек, како моментот кога го промаши пеналот. А потоа има моменти кога изгледа како нечовек. Но, тоа е Меси. Ова досега е негово Светско првенство. И сè уште нема играно против Јордан и не знам каде ова ќе заврши.

- Тој постигна пет гола на два натпревари, а јас имам нула голови на две Светски првенства. Неговиот роденден е за неколку дена и нека ужива во него, исто како што ние уживаме гледајќи го како игра. Неверојатно е и немам зборови да го опишам. Опседнат сум со него. Сè уште не можам да разберам како некој може така да ја контролира топката., - истакна Ибра и додаде:

- Тој е лидер. Тие сакаат тој да ги поведе кон освојување на Светското првенство. Веќе тоа го имаат напревено и сега сакаат повторно да го направат, а најважно од сè е да им го врати тоа и да не го користи сето тоа за себе. Тој не е играчот кој најмногу работи на теренот, но начинот на кој се движи е ист како кога пајакот ја создава својата мрежа. Тој става сè во движење. Аргентинците играат во стилот – Покаже ни го патот, а ние ќе те следиме, - порача Златан.