Рафиња немаше таква добра сезона во Барселона како минатата, а главна причина за тоа беа повредите и честите отсуства.
Тој закрепна навреме и се најде на списокот на бразилската репрезентација за настап на Светското првенство каде го одигра првиот меч против Мароко, но потоа се повреди на вториот против Хаити.
Мораше предвреме да ја напушти играта и сега останува голем знак прашање дали одново ќе заигра на мундијалот иако засега останува со соиграчите. На фудбалерот на Барселона му било доста тешко и за тоа говори изјвата на неговата сопруга Наталија Белоли.
- Искрено, тоа беше еден од првите пати кога останав без зборови. Тој плачеше, а и јас. Разговаравме по телефон; следниот ден тој беше подложен на медицински тестови и се врати дома на некое време, каде што можевме да разговараме за ситуацијата.
- Сега е добро, силен и сигурен во својата цел. Тоа е важно: одржување на правилниот начин на размислување и верување дека доаѓаат подобри деновим - вели Белоли.







