Крај на една ера: Јанис по 13 години си замина од Милвоки и се пресели во трикратен НБА шампион

Дерби

23/06/2026

11:06

265

Големина на фонт

а а а

Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, Јанис Адетокумбо ќе има нов клуб во новата сезона или поточно се става крај на неговата приказна со Милвоки Бакс која започна во 2013 година.

Веќе некое време Јанис не беше задоволен во Милвоки, притискаше да добие подобар, поконкурентен тим за да на крајот се дојде до степен дека разделбата е најдобро решение.

Адетокумбо се сели во трикраниот шампион Мајами Хит заедно со Боби Портис, додека Бакси во оваа размена ќе ги добијат Тајлер Хиро, Келел Вер, Хаиме Хакез Џуниор и Каспарас Јакучионис, овогодинешниот 13. пик, како и значаен пакет идни избори на драфтот.

Со ова Пет Рајли успеа да изведе уште една топ операција, да привлече нова ѕвезда од калиборот на Леброн Џејмс, Шекил О’ Нил, Алонзо Морнинг, Крис Бош и Џими Батлер.

Инаку најголемиот успех на Јанис во Милвоки беше шампионската титула во 2021 година каде воедно беше и прогласен за МВП на финалето.