Институционалните односи меѓу Атлетико Мадрид и Барселона одамна се нарушени, а новата епизода наречена „Хулијан Алварез“ ја однесе тензијата на едно навистина завидно ниво.
По натпреварот меѓу Аргентина и Австрија, пристигна изјавата која ја чекаа сите од Каталонија, а бидејќи од Мадрид се убедени дека станува збор за препознатлива трансфер страгетија која ја режира Барселона, се закануваат дека во ниту еден момент нема да преговараат со актуелниот шпански шампион.
Луѓето од Атлетико Мадрид не се подготвени да му ја отворат вратата на Алварез за Барселона, па преку жестоката порака која е испратена преку „АС“, се вели дека на каталонците им преостанува само една опција.
– Сме виделе како функционираат работите во Барселона и во минатото, ветуваа бонуси за сестрата на Гризман додека беше наш играч, а ако тогаш им успеа, сега нашиот став е јасен. Не постои ниту една сума за која можат да го купат Алварез од нас. Тој нема да биде продаден од наша страна. Или ќе ја платат клаузулата вредна 500 милиони евра, или нема да се случи ништо. Тоа е единствената опција.
– Барселона безброј пати играла вакви игри, ги тера играчите да даваат вакви изјави за да изнудат трансфер. Минатото лето го направија тоа со Нико Вилијамс. Тоа е дел од нивната стратегија, ни беше јасно дека може да се случи ова, – порачуваат од Атлетико.







