Промени во бундеслигашот: Кил го отпушти најуспешниот ас во историјата на клубот

Дерби

23/06/2026

11:03

213

Големина на фонт

а а а

Германскиот ракометен прволигаш Кил нема по добро да ја памети натпреварувачката 2025/2026 во која не беше освоен ниту еден трофеј, а воедно и не успеа да се избори за излез во ракометна Европа.

Цехот за овој неуспех ќе го плати науспешниот човек во историјата на клубот, легендарниот Филип Јиха. Јиха добива отказ од позицијата тренер на „зебрите“ со што се заокружува една ера во која Чехот беше активен 16 години во клубот (играч-тренер).

Јиха долго време настапуваше за Кил, потоа седна и на жешкото столче и на крајот си заминува со 33 освоени титули.

- Јас сум задолжен за носење на тешките одлуки по спроведените анализи. Секако дека би сакале да останеме со Филип како тренер и со променет играчки тим, како што планиравме претходно. Сепак, багажот од резултатите и случувањата во тимот е претежок, затоа мораше да биде донесена одлука за тренерска смена, - порача спортскиот директор Виктор Шилаги.