[ВИДЕО] Луѓето ја коментираат сцената со инцест во новата епизода од „Куќата на змејот“: „Непријатно и одвратно“

Точка

22/06/2026

21:39

417

Големина на фонт

а а а

По две години чекање, обожавателите на серијата „Куќата на змејот“ (House of the Dragon) синоќа конечно ја дочекаа премиерата на третата сезона, но една сцена остави многумина без зборови.

Претпродолженитето на популарната „Игра на тронови“ уште од почетокот на емитувањето во 2022 година е полно со неочекувани моменти, но се чини дека последниот во низата ги надмина сите претходни.


ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Текстот содржи спојлери.

Сцената што крена голема прашина

Во новата епизода, напнатиот разговор меѓу Емонд Таргариен (Еван Мичел) и неговата мајка Алисент (Оливија Кук) заврши така што синот ја бакна во уста. Иако Алисент изгледаше изненадено, таа не го одби, туку му се насмевна додека тој се оддалечуваше. Многумина се шокираа од оваа сцена.

Секако, инцестуозните односи не се новост во семејството Таргариен. Братот на Емонд, Егон и неговата сестра Хелена се во брак и имаат деца, што е добро познат факт во светот на серијата. И покрај тоа, бакнежот меѓу мајката и синот беше сцена што многумина не ја очекуваа.

„Највознемирувачката сцена досега“

Обожавателите веднаш се огласија на социјалната мрежа Икс за да ги споделат своите впечатоци. Многумина не го криеја згрозувањето. „Ова дефинитивно е највознемирувачката сцена во ’Куќата на змејот‘ досега“, напишал еден гледач.

Друг се надоврзал: „Човеку… беше толку непријатно за гледање… останав без зборови…“ Слично реагираа и многу други: „Тоа беше е*ено одвратно и непотребно“. Некои едноставно не можеа да поверуваат што гледале. „Токму кога помислив дека светот на ’Игра на тронови‘ повеќе не може да ме изненади, се случува ова. Што по ѓаволите!“, коментирал уште еден шокиран обожавател.

Се огласил и актерот

На сцената реагирале и самите актери. Мичел, кој го толкува Емонд, во разговор за списанието „People“ признал дека сцената е шокантна. „Да, прилично е шокантна. Но, во тоа видов и голем предизвик и можност да го прикажам Емонд од поинаков агол“, изјавил тој.

„Тешко е тоа да се прифати, нели? Да ја бакнеш мајка си во уста, особено на таков начин“, додал Мичел. Тој објаснил дека неговиот лик „никогаш немал чувство дека мајка му и семејството доволно го сакаат“ и дека „токму тоа му е потребно на едно дете за да развие урамнотежена слика за себе“.


Актерот го објаснил бакнежот со „искривената перцепција“ на својот лик и со неговиот „чуден начин на покажување љубов“. На крајот ја пофалил својата колешка, велејќи дека работата со Кук на таа, но и на која било друга сцена, била вистинска „актерска школа“. Серијата „Куќата на змејот“ се емитува на „HBO“.