Откако доживеа страшна несреќа на Зимските олимписки игри во Милано во јануари годинава, популарната скијачка Линдзи Вон редовно им покажува на своите обожаватели како напредува процесот на нејзиното закрепнување.
Па така и овој пат ги воодушеви со најновата објава, споделувајќи низа фотографии додека закрепнува, но и се одмора.
Вон на Игрите се здоби со тешка скршеница на ногата за време на трката во спуст, дисциплина во алпското скијање, а до неодамна се движела со патерици — дури и на Мет Гала се појавила во екстравагантен фустан, со стап што ѝ помагал при движењето. По повредата, Вон имала дури шест операции на ногата, пишува „The Sun“.

На својот Инстаграм профил објави како ѝ поминал месец јуни, а на првата фотографија 41-годишната Американка позира покрај базен во црно бикини, свртена со грбот кон камерата, со црни очила за сонце на главата. Обожавателите веднаш ѝ упатија бројни коментари порачувајќи дека скијачката заслужила одмор.
„Прекрасен ден во рајот“, „Убаво е повторно да те гледаме како блескаш“, „Се восхитувам на твојата сила“, „Мило ми е што те гледам како закрепнуваш“, „Изгледаш посреќно“, пишуваа под нејзината објава.
Во низата фотографии и видеоснимки што ги објави, Вон покажа и како тренирала во теретана, а сподели и бројни фотографии со своите пријатели, со кои уживала и во возење со глисер.
Сепак, сè уште не е познато дали славната скијачка ќе се врати на патеката по оваа повреда. Вон прв пат се повлече од скијањето во 2019 година, по што ја промени својата одлука.

Во мај скијачката почнаа да ја поврзуваат со 11 години помладиот колега, францускиот скијач Матје Баје, откако беа снимени заедно во Њујорк. Сепак, досега нема потврда дали се во врска.










