Босна и Херцеговина имаше активен резултат против Швајцарија до 74 минута (0-0), но потоа дојде до огромен пад и убедлив пораз од 4-1.
Босанците се распаднаа по првиот примен гол, заработија и црвен картон во 80 минута по што му дозволија на противникот уште три пати да ги матира и на тој начин да дојде до сигурен триумф, односно да им нанесе пораз од три разлика.
- Нема смисла да се расправаме дали поразот беше превисок или не. Сите голови ги примивме наивно. Не ја видов добро ситуацијата со црвениот картон, претпоставувам дека реагираше предоцна. Со водство на Швајцарците од 1:0 и по исклучувањето, требаше повеќе да се затвориме, а потоа да се обидеме да направиме нешто напред. Поради таквата игра, на крајот примивме четири гола, - истакна ветеранот Един Џеко.
- Овој пораз боли. Можеби на крајот гол-разликата ќе биде таа што ќе одлучи кој ќе продолжи понатаму, -додаде напаѓачот.
БиХ со еден бод е на третото место во Б групата, но има негативна разлика од минус три.







