Галас има интересен трансфер предлог за Алонсо: Можам да го замислам во дресот на Челси

Дерби

19/06/2026

13:49

335

Големина на фонт

а а а

Чаби Алонсо прифати да биде нов предводник на Челси и ги очекуваме потези кои шпанскиот стратег допрва треба да ги повлече на „Стемфорд Бриџ“.

Засега се е мирно кога се во прашање засилувањата, но не и како се работи за излезните трансфери затоа што левиот бек Марк Кукурелја веќе потпиша за Реал Мадрид.

Во исчекување на потенцијалните засилувања, Вилијам Галас како поранешен ас на тимот од Лондон му даде еден интерен предлог на новиот тренер на премиелригашот. Французинот верува дека Челси треба да притисне за добивање на потписот на играчот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд кој имаше добра сезона како позајмен во Барселона.

- Мислам дека Маркус Рашфорд се снајде добро во Барселона. Имаа добар систем. Изненаден сум што не потпиша за нив трајно, не знам што се случи. Би рекол дека Челси би бил подобар избор со оглед на тоа како играат. Сигурен сум дека сакаше да остане во Барселона, но тоа не се случи.

- Дали треба да се врати во Премиер лигата, или можеби да оди некаде на друго место како Италија, ќе видиме. Но, би можел да го замислам во Челси, -вели Галас кој очекува нов напаѓач во поранешниот клуб и ако мора да бира тоа е Виктор Осимен.

- Мојот избор е Виктор Осимен. Сè уште се прашувам зошто не дојде во Челси или во Премиер лигата. Тој има одличен профил за тоа. Сè уште го чекаме, би бил одличен избор и би имал огромно влијание, - порача некогашниот стопер.