[ВИДЕО] Водителка соопшти дека татко му на Меси починал, па си даде отказ

Дерби

19/06/2026

13:15

497

Големина на фонт

а а а

Живееме во навистина лудо и брзо време, време на информации кои знаат да бидат непроверени, невистините и да нанесат болка и штета во одредени ситуации.

Од Аргентина ни доаѓа токму таков случај во обидот да се дојде до што побрза информација, да се биде прв, но овојпат Флоренсија Пења и шоуто, програмата која ја водеше се „изгоре“ со споделување на веста дека таткото на Меси, Хорхе починал.

Ова се случило пред да биде објавено дека Хорхе навистина има здравствени проблеми, вест која ја кренала Аргентина на нозе.

- Не сакам да објавувам лоши вести, но таткото на Меси штотуку почина. На средина од Светското првенство, Лео ќе мора да си оди, истакнала Пења која откако сфатила дека направила грешка и дека веста не е точна се извинила и си дала отказ.

- Му се извинувам на семејството Меси за ужасниот момент низ кој, претпоставувам, поминуваат. Длабоко се срамам што бев пренесувач на таа болка. Морам да појаснам дека таа лажна информација ми беше доставена додека бев во програма. Продукцискиот тим ми кажа дека е потврдена и јас им поверував. И покрај тоа, го преземам својот дел од одговорноста за грешката и затоа одлучив да поднесам оставка и да ја прекинам соработката со телевизијата. Уште еднаш, од срце се извинувам, - порачала Флоренсија.

Од Лузу ТВ воедно информарале дека жалат за инциндетот и најавиле разделба со сите одговорни за оваа ситуација.