Модриќ го посочи пресудниот момент за поразот од Англија: Тоа нè уби

Дерби

18/06/2026

14:18

595

Големина на фонт

а а а

Лука Модиќ одигра еден од најслабите мундијалски натпревари во својата кариера и беше изваден од игра во 58-та минута, но како капитен на Хрватска, тој мораше да покаже лице пред новинарите по поразот од 4:2.

Хрватска парираше во првиот дел и двапати се враќаше во игра, но силното темпо на Англија уште толку стана забележително во вториот дел, по што следеа уште два гола во мрежата на Ливаковиќ.

Модриќ немаше препознатливи решенија во средниот ред и направи и пенал по кој Кејн донесе предност од 1:0, а во соочувањето со домашните новинари по средбата, Лука го посочил третиот примен гол на стартот на вториот дел како пресуден момент за поразот.

– Пеналот си беше пенал, нема што да се додаде. Реагирав невнимателно и го зафатив Мадуеке. Го допрев минимално, но тоа е доволно за да биде пенал. Тоа беше невнимателно од моја страна, но тоа е што е.

– Одиме понатаму, нема да очајуваме. Двапати се враќавме во мечот, а третиот примен гол на стартот на вториот дел не уби. Тоа беше пресуден момент, останавме без сила и не можевме да се вратиме и трет пат. Да свртиме лист, да го оставиме овој меч зад себе, бидејќи пред нас се уште два натпревари. Сигурен сум дека ќе бидеме подобри, сигурен сум дека ќе ја оставриме минималната цел, а тоа е пласман во нокаут фазата, – изјави капитенот на Хрватска.