Португалија е една од селекциите од која најмногу се очекува на Светското првенство, но овој тим разочара во првата рунда и освои само бод во соочувањето со Демократска Република Конго.
Ремито од 1-1 може и да помине, да се покрие, но играта е таа која беше загрижувачка и поради која беа испратени доста критики кон играчите, а најмногу кон капитенот Кристијано Роналдо.
Легендарниот Питер Шмајхел пак одлучи да се фокусира на селекторот Роберто Мартинез кого директно го нападна.
- Роберто Мартинез мора да е еден од најголемите тренерски разочарувања на ова досегашно Светско првенство. Тој ја потроши златната генерација на Белгија, а сега се чини дека истото се случува и со Португалија.
- Како можете да ги оставите играчите како Жоао Феликс и Рафаел Леао на клупата, а воедно да одржувате систем кој очигледно не функционира? Португалија има премногу напаѓачки талент за да изгледа толку предвидливо и претпазливо. Неговите тактики се премногу конзервативни. На нападот му недостасува креативност, средниот ред често изгледа неповрзан, а неговите замени обично доаѓаат предоцна за да ја променат играта, - порача Данецот.
Португалците имаат време да се корегираат, сега следи мечот со Узбекистан, а на крајот дербито во групата против Колумбија.







