Познати се паровите за новата сезона: Арсенал со меч на домашен терен ќе ја започне одбраната на титулата во ПЛ

Дерби

19/06/2026

11:47

250

Големина на фонт

а а а

Англиската Премиер лига ќе се врати на крајот на месец август, а веќе ги имаме паровите за отварањето на сезоната, но и распоредот за натпреварувачката 2026/2027.

Арсенал по пауза од 22 години стана шампион и ќе ја има задача да ја одбрани титулата, мисија што не е лесна и за тоа може најдобро да посведочи Ливерпул кој доживеа сериозен пад по шампионската сезона со Арне Слот.

„Топчиите“ на стартот имаат идеален противник (21 август), меч на домашен терен со повратникот во елитната конкуренција Ковентри кој го предводи Франк Лампард.

Вицешампионот Манчестер Сити ќе го дочека Борнмут, додека Манчестер Јунајтед оди кај новајлијата Хал. Челси со Чаби Алонсо гостува кај Фулам, а Ираола ќе има незгодно деби на клупата на Ливерпул затоа што ривал ќе му биде Њукасл на „Сент Џејмс Парк“.

Првакот по Ковентри ќе се соочи со Астон Вила и Челси, Сити ќе ги има Кристал Палас и Ковентри, Јунајтед до четвртото коло во кое ќе се соочи со градскиот ривал ќе ги има Ипсвич и Евертон.

Ливерпул по отварањето ќе одигра на мегдан со „шумарите“ и „трактористите“, додека тешка задача ќе има Челси затоа што ќе следат битки со Брајтон и Арсенал.