Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски и во новата сезона ќе го гледаме во дресот на Еурофарм Пелистер.
Оваа вест ја соопшти клубот од Битола што значи дека е пронајден заеднички јазик или поточно бекот ја прифатил понудата на клубот за кого настапува од 2023 година.
Дефинитивно ова е одлична вест за „зелено-белите“ кои го задржуваат лидерот и капитенот на екипата кој одигра клучна улога во успесите во претходните неколку години.
Десниот бек во досегашната кариера има играно уште за Металург, Магдебург, Хановер, Вецлар и Кувајт Спорт Клуб.
Останува да се види дали и Дејан Манасков ќе остане верен на Пелистер, односно ќе каже „ДА“ за понудата за продолжување на соработката со макеоднскиот вицешампион.







