Тажна вест од Италија: Почина асот кој беше најдобар стрелец во Серија А, Серија Б и Серија Ц

Дерби

19/06/2026

11:38

418

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот фудбал е завиен во црно, а причината за тоа е смртта на некогашниот член на Лацио и Наполи - Игор Проти.

Проти повеќе од две децении беше активен на сениорско ниво, играше во повеќе клубови и заедно со Дарио Хубнер се единствените играчи кои биле најдобри стрелци во трите највисоки фудбалски конкуренции на Апенините, Серија А, Серија Б и Серија Ц.

До денеска тој е единствениот фудбалер кој завршил како прв стрелец во Серија А, а неговиот тим да испаднал од лигата (Бари).

Инаку Игор минатата година откри дека му е дијагностициран рак, се бореше до самиот крај, а доказ за тоа и фактот дека минатиот месец, ја испрати неговата ќерка до олтарот на нејзиниот свадбен ден.