Милијардерот кој си вбризгуваше крв од својот син за да се подмлади, сега почнал да го губи видот: Потроши богатство за да го запре стареењето, една метода заврши ужасно

Точка

12/06/2026

17:40

1.000

Големина на фонт

а а а

Американскиот претприемач и милијардер Брајан Џонсон продолжува да ја шокира јавноста со своите обиди да го запре стареењето, при што драматично го ризикува сопственото здравје и живот.

Овој технолошки магнат е познат по тоа што годишно троши милиони долари на медицински процедури за кои верува дека ќе му обезбедат младешки изглед и подолг живот. Тој неодамна повторно се најде во центарот на вниманието откако изјави дека успеал да го „подмлади“ својот пенис за 15 години.

„Имам совршени резултати во сите категории. Сепак, се прашувавме што ќе се случи ако примениме насочен шок и дали тоа во суштина ќе го подмлади пенисот и ќе ги подобри ноќните ерекции“, изјави тој.


Сега повторно е во фокусот на јавноста поради нов третман кој сериозно го нарушил неговиот изглед. Постапката за подмладување на лицето завршила со тешка алергиска реакција, поради која лицето му отекло до непрепознатливост, а привремено го изгубил и видот.

„Лицето ми отече веднаш по инјекциите, а состојбата стануваше сè полоша сè додека не престанав да гледам. Тоа беше тешка алергиска реакција“, сподели Џонсон со своите 953.000 следбеници на „Instagram“.


Третманот што тргнал наопаку

Она што сега го направил е обид за третман кој вклучува вбризгување масни клетки во лицето со цел враќање на волуменот и младешкиот изглед.

Процедурата вообичаено подразбира користење на сопствени масни наслаги од пациентот, најчесто од пределот на стомакот или бутовите. Но, Џонсон немал доволно телесни масти поради неговата строга исхрана од само 1.950 калории дневно, што е значително под просекот препорачан за возрасен маж.

„Луѓето мислеа дека сум на работ на смртта затоа што изгледав исцрпено. Сфативме колку масното ткиво на лицето е важно за младешкиот изглед“, призна Џонсон.


Поради недостатокот на сопствени масни клетки, тој се одлучил за донорски клетки, но реакцијата на организмот била катастрофална.

„Му се јавив на колега и му реков: ’Можеби денес нема да ме препознаеш. Мислам дека сум добро. Се надевам дека сум добро. Ако не сум, дали знаеш некоја техника за спасување живот?‘“

И покрај сериозните компликации, Џонсон подоцна ги информирал своите следбеници дека не претрпел трајни последици.

„Седум дена подоцна моето лице се врати во нормала и продолживме да ги преработуваме плановите за следниот обид“, изјави тој.


Си вбризгуваше крв од својот син тинејџер за да се подмлади

На листата на неговите најконтроверзни експерименти се наоѓа и трансфузијата на крв, односно употребата на крвна плазма од неговиот тинејџерски син.

Овој необичен експеримент предизвика огромно внимание ширум светот, бидејќи Џонсон тврдеше дека на тој начин се обидува да го забави процесот на стареење.

Сепак, милијардерот подоцна призна дека вбризгувањето крв од неговиот син не ги дало посакуваните резултати.


Според неговите зборови, по третманот не бил ништо помлад отколку претходно, па решил целосно да се откаже од овој експеримент.

И покрај неуспесите и здравствените ризици, Брајан Џонсон останува решен да продолжи со својата мисија за продолжување на животниот век и забавување на стареењето, дури и по цена на нови контроверзни и ризични медицински процедури.