Кол има клуб за Рашфорд: Исполнува многу услови…

Дерби

11/06/2026

11:09

230

Големина на фонт

а а а

Маркус Рашфорд имаше добра сезона во дресот на Барселона, но по се изгледа недоволна за да шпанскиот клуб го откупи неговиот договор од Манчестер Јунајтед под договорените услови.

Каталонците требаа да платат околу 30 милиони евра до 15 јуни за да го ангажираат напаѓачот, меѓутоа тоа нема да се случи иако наводно Барса не се откажува целосно од англискиот интернационалец, ама ако премиерлигашот прифати да се разговара за нов договор, услови.

Колку е тоа реално е друга приказна особено ако се знае дека на „Камп Ноу“ веќе стигна Ентони Гордон, односно сега Рашфорд се најде во незгодан ситуација затоа што мора пак да се врати на „Олд Трафорд“.

Дали пак Маркус би заиграл на Јунајтед е уште едно прашања за кое засега нема одговор што води до тоа да има доста шпекулации кога е во прашање неговата иднина.

Џо Кол ја следи ситуацијата и како човек кој редовно е активен низ англските медиуми верува дека Рашфорд може да е добро решение за Челси.

- Станува збор само за плата и проценка. Рашфорд исполнува многу услови, но не сакате да потрошите богатство на него – тој би завршил добра работа за Челси. Тој треба да продолжи, Маркус, треба да ја одржи самодовербата бидејќи се изгради повторно во Барселона, а сè уште има друго ниво на кое може да премине. Тој е некој за кого Челси треба да се распраша, но тоа ќе зависи од договорот, - вели Џо и додава:

- На Челси му се потребни голови во напаѓачката тројка, искусен централен дефанзивец, а потоа евентуално и голман кој ќе ги притиска голманите кои веќе се таму. Тешко ми е да кажам кого треба да изберат, бидејќи би ги сакал Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Антонио Рудигер. Но, Чаби Алонсо треба да открие каде може да добие вредност за парите, бидејќи, искрено, не мислам дека во Челси остануваат многу пари.

- Многу пари се потрошени залудно, па можеби ќе мора да работи со она што го има, но ако мора да работи со она што го има, тогаш навивачите на Челси мора да останат со него и да знаат дека ова не е Челси од пред 10 години, - заклучи Кол.