Леброн Џејмс долго време е на кошаркарската сцена и додека останува отворено прашањето дали ќе продолжи да игра и во наредната сезона тој уште еднаш нескромно истакна дека се гледа себеси како најдобар играч во историјата.
Ѕвездата на ЛА Лејкерс како што одминува времето сè повеќе сака да испраќа пораки и да се дефинира себеси како „GOAT“ со тоа што овојпат се обиде да се оправда себеси спменувајќи и други големи имиња за кои смета дека имаат ист став, поточно би го дале истиот одговор.
- Нема да ставам никого пред мене. Нема никаков сомнеж. Но, мислам дека Мајк (Џордан) ќе го каже истото. Нека му почива душата, Коби (Брајант) ќе го каже истото. Меџик (Џонсон) ќе го каже истото. (Лери) Брд ќе го каже истото. Шек (О’Нил) би можел да го каже истото. Покојниот голем Вилт (Чемберлен). Карим (Абдул-Џабар).
- Не мислам дека никој од нас ќе земе некој друг. Ако има генерален менаџер и тој нè гледа сите нас на почетната линија, со првиот избор, ќе биде тешко да не ме земеш мене, шампионе, - порача Леброн.
Џејмс во досегашната кариера има освоено четири НБА прстени и многу инвидуални награди.






