ТФТ и во новата сезона ќе биде дел од АБА2 лигата

Дерби

11/06/2026

13:23

135

Големина на фонт

а а а

Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје и во натпреварувачката 2026/2027 ќе биде дел од регионалната АБА 2 лига.

Ова е информацијата која ја објави клубот од Тафталиџе и притоа најави во следната кампања ќе се обиде да направи чекор понапред и да дојде до елитната конкуренција.

- Како минатосезонски вицешампиони на АБА 2 лигата и првопласирана екипа во регуларниот дел од сезоната во Првата македонска лига, обезбедивме учество во АБА 2 лигата и за сезоната 2026/27.

- По тој повод, сакаме да му се заблагодариме на раководството на АБА лигата за укажаната доверба и можноста повторно да бидеме дел од ова престижно регионално натпреварување. Со голема мотивација и амбиција влегуваме во новата сезона, со желба да оствариме уште поголем успех и достојно да ја претставуваме македонската кошарка на регионалната сцена, - порачаа од ТФТ.

Само за потсетување тимот предводен од Боро Смилковски играше во финалето на АБА2 лигата каде загуби од Широки Бријег за да потоа остане без сила и доживее два убедливи порази од Борац Чачак воо баражот за најдобрата АБА лига.