Серена за својот неочекуван кам-бек на тенисот: Се изморив од седење дома

Дерби

10/06/2026

12:21

129

Големина на фонт

а а а

Серена Вилијамс на 44-годишна возраст му се врати на професионалниот тенис, и тоа четири години по последниот меч кој го одигра во својата извонредна сингл кариера.

Славната Американка вчера се врати на теренот и беше дел од мечот во двојки во Квинс Клубот, па откако успеа да слави во Лондон, даде и хит изјава за неочекуваниот кам-бек.

Откако се пензионираше, Серена се исполни на личен план и по вторпат стана мајка, а сега како сопруга која нема толку обврски во летниот период, реши да му се врати на тенисот.

– Едноставно немав ништо попаметно за правење. Се изморив од седење дома и се решив да заиграм. Моите деца немаат обврски со училиштето во текот на летото, па реков зошто да не, – изјави Серена, која засега не планира враќање во сингл конкуренција.

– Засега би рекла не. Треба доста да тренирам за да се вратам во ритам, во моментов сум подготвена само за игра во двојки, – изјави Американката.