Хрватска го има најлошиот дрес на СП

Дерби

09/06/2026

15:15

275

Големина на фонт

а а а

Се поблиску и поблиску сме до настанот кој со нетрпение го очекуваат сите фудбалски фанови на светот - Светското првенство кое овојпат ќе се одржи во три земји САД, Канада и Мексико, шампионат на кој ќе учествуваат рекордни 48 репрезентации.

Имеме и се уште ќе имаме прогнози околу тоа кој ќе ја освои титулата, а реномираниот „Атлетик“ излезе со една интересна вест, рангирање на домашните дресови на сите учеснички на мундијалот.

Авторот на листата, Ник Милер, ги оцени сите дресови, од најлош до најдобар, со своите препознатливи духовити коментари и детална анализа на дизајнот.

На последното место како најлош, најгрд дрес е избран оној на Хрватите.

- Квадратите се премногу мали, а белиот дел во средината изгледа како некој да почнал да го уредува дресот на телефонот, а потоа се откажал на половина пат, - напишал авторот.

Кога се во прашање овои простори дресот на Босна и Херцеговина го зазема 31 место, а кога пак се работи за најубавите Англија, Бразил и Гана која е број еден.

- Изгледа како огромна, разнобојна пајажина. Дури и да не ја знаете приказната зад дизајнот, само да го погледнете е доволно“, заклучил Милер.