Александер Зверев мина десет дена во академијата на Рафаел Надал во јули минатата година и се обиде да вопостави тренерска конекција со Тони Надал, па иако остана максимално задоволен од дружбата и одработените тренинзи, искусниот Шпанец ја одби оваа понуда.
Чичкото на легендарниот Рафа учтиво го одби Саша и му порача дека не е расположен за секојдневно патување во овој момент, но речиси една година подоцна, токму Тони е оној кој му ја честита првата титула на грен слем турнирите која ја освои Зверев.
Тони Надал подолго време очајно посакуваше прва грен слем титула за германскиот тенисер, а сега кога успеа да стигне до тоа, се потсети каква порака му испратил пред една година.
– Кога Саша ми понуди да му бидам тренер пред извесно време, ме праша дали има шанси да освои грен слем титула. Јас му го кажав следното……
– Му порачав дека Стен Вавринка освои три грен слем трофеи, а дека тој како играч е подобар од Швајцарецот. Му реков дека тој има шанса за грен слем трофеј и го натерав да верува во тоа.
– Вавринка победи на првите три грен слем финалиња, но никогаш не бил број два на светската ранг листа. Му порачав на Саша дека мора да го промени својот став, дека мора да престане да биде негативен кога излегува на теренот. Последната година Зверев беше премногу опседнат со освојување на првата грен слем титула, а тоа носи и голема тензија. Сега ќе следи големо олеснување за него и тоа ќе го направи поопасен за Синер и Алкарас, – смета Тони Надал.







