Ал Келаифи за опседнатоста на Луис Енрике: Почнавме да се плашиме за него…

Дерби

10/06/2026

12:23

260

Големина на фонт

а а а

Насер Ал Келаифи во повеќе наврати нагласи дека Луис Енрике е најдобрата одлука која ја донел за ПСЖ во својата етапа како мандатар на „светците“, заклучок кој уште еднаш го повтори во најновото интервју кое го направи во Катар.

Првиот човек на старо-новиот европски шампион не може да биде посреќен што неговиот тим ја одбрани титулата во Лигата на шампиони, а како што вели самиот, смета дека производ на тоа е извонредната работа која ја заврши шпанскиот стручњак во првата сезона.

Иако не оставри некои позначајни успеси во воведната сезона, Луис Енрике постави темели кои го направија ПСЖ најсилен тим во светот, па сега кога сите во Париз уживаат во таквиот епитет, Ал Келаифи нема проблеми да се потсети на деновите кога Лучо бил опседнат со фудбал.

– Откако се приклучи кај нас, Луис Енрике не излегуваше од тренинг центарот цели осум месеци. Започнуваше со работа во 8 часот наутро, а завршуваше во 21:00 часот. Во еден момент помисливме дека почнува да полудува од фудбал, дури почнавме да се плашиме за него.

– Токму таквата посветеност го прави најдобар тренер во светот. Тој ем ојата најдобра одлука во овие 15 години. Тој е најдобриот член и највредниот вработен во нашиот клуб. Цели 15 години го бркав и го добивме од него тоа што го замислувавме. Тој е најдобар во светот, – потенцира Ал Келаифи.