Хари Кејн остави зад себе страшна сезона на клупски план во Баерн Минхен и веднаш се насочи на Светското првенство како капитен и носител на англискиот тим, а како човек од кого ќе се очекуваат доста голови, напаѓачот е подготвен да одговори на најдобар можен начин.
Англија не игра баш допадлив фудбал во последно време и Кејн не ужива во стопроцентни шанси како што тоа му се случува во Баерн, но сепак центарфорот е убеден дека овој англиски тим поседува доволно цврстина и квалитет за да оди до крајот, па зошто да не и да стигне до светска титула .
– Во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи, па јас на секој турнир пристапувам како да ми е последен. Сите знаете дека сакам да играм уште долго, но сега чувствувам дека сум во врвот на мојата кариера. Никогаш не сум се чувствувал подобро и мислам дека ова е наше време.
– Мислам дека ова ми е најдобра шанса да освојам светска титула и „Златна топка“ во една сезона. Со оглед на формата во која се наоѓам и сезоната која ја имав во Баерн, ова најверојатно е најдобра шанса која ќе ја имам во кариерата, – изјави Кејн.
Англиjа денеска игра последна генералка пред стартот на Светското првенство против Костарика, а големиот турнир го отвора на 17-ти јуни со дерби пресметка против Хрватска.







