Поради исполнување на обврските кон португалските власти, секој клуб од оваа земја е должен да ги открива сите финансиски детали од операциите во јавноста, па така Бенфика како клуб прв ја соопшти веста за заминувањето на Жозе Мурињо.
Пред да дојде официјалното соопштение на Реал Мадрид за кам-бекот на Жозе, Бенфика ја информираше јавноста дека „кралевите“ доставиле гаранција дека ќе ја исплатат откупната клаузула, која поради одложеното дејство, двојно се зголеми во месец јуни.
Реал Мадрид имаше ексклузивно право да ја активира истата за само 7 милиони евра до 26-ти мај, но поради претседателските избори кои се свикаа во престолнината, „кралскиот клуб“ ќе плати повеќе од двојно повеќе.
– Бенфика како клуб ја информираше португалската комисија за пазар на хартии од вредност дека Реал Мадрид формално изрази желба да го ангажира Жозе Мурињо за сума од 15 милиони евра.
– Тренерот дал согласност и операцијата е комплетирана. Ти благодариме Жозе Мурињо, – гласи кратката потврда на „лисабонските орли“.







