Мартинез: Има една светлина од која црпиме дополнителен извор на енергија

Дерби

10/06/2026

13:22

168

Големина на фонт

а а а

Роберто Мартиез направи уникатен потег и го вклучи Диого Жота како почесен член на неговиот список на 27 повикани фудбалери за мундијалот во САД, Мексико и Канада, а сега во пресрет на последната контролка која следи денеска со Нигерија, проговори и за значењето кое го има трагично загинатиот фудбалер за цел негов тим.

Духот на Жота ќе биде дел од португалскиот тим на мундијалот кој следи, а Мартинез на целата ситуација гледа доста емотивно и бара од своите фудбалери да се водат по примерот кој им го остави нивниот соиграч.

– Диого е нашата светлина, Диого е нашиот модел по кој треба да се водиме, наша желба и потреба да го направиме тоа што го сонуваше: Да освои титула за Португалија.

– Тој беше дел од тимот кој ја освои Лигата на нации, тој беше важен дел од сето она што го изградивме во соблекувалната. Тој ја сакаше светската титула, па затоа наша одговорност и обврска е да го следиме неговиот пример, да играме за него, верувајќи дека со упорност ќе стигнеме до вистинскиот одговор.

– Тој беше пример за сите нас во соблекувалната и неговиот дух ни дава дополнителен извор на енергија во тешките моменти. Треба да црпиме сила од неговата инспирација, тој е дел од нас и секогаш ќе го споменуваме, – изјави Мартинез.