Обожавателите на турската серија „Сулејман Величествениот“ конечно го дочекаа моментот за кој се зборуваше со години. По 15 години заедничка работа на култната историска драма што ја одбележа телевизиската ера, еден од најпознатите телевизиски парови, Халит Ергенч и Мерјем Узерли, повторно се обедини за нов проект.
Легендарното актерско дуо Мерјем Узерли и Халит Ергенч со воодушевување повторно се обедини за новиот филм „Imroz’da Bahar“ („Пролет на Имроз“), а фотографиите и снимките од снимањето, како и од официјалната фотосесија за постерот на филмот кружат на социјалните мрежи.
Обожавателите ширум светот вклучително и во Турција, се во целосен транс бидејќи од првите снимки од зад сцената повеќе од очигледно е дека познатата „хемија“ меѓу нив двајца воопшто не исчезнала.
Стар тандем
Според турските медиуми, „Пролет на Имроз“ во режија на Озџан Алпер веќе се смета за еден од најочекуваните наслови во турската кинематографија. Станува збор за емотивна приказна за судбината и потрагата по „втора шанса“ во животот, а дејствието се одвива на најголемиот турски остров во Егејското Море. Извори од пробите за читањето на сценариото велат дека атмосферата била фантастична, а Ергенч наводно не криел колку лесно и природно му било повторно да соработува со својата поранешна партнерка.

Потсетуваме, нивниот претходен проект, „Сулејман Величествениот“, не заврши во ист тандем бидејќи Мерјем Узерли мораше да ја напушти серијата поради прегорување, а улогата на Хурем потоа ја презеде Вахиде Перџин. Затоа ова филмско враќање носи и голема емотивна тежина, како за актерите, така и за милионите обожаватели кои со години посакуваа повторно да ги видат заедно.
Филмот треба да се појави во кината во декември, во повеќе од 50 земји, а со оглед на старата магија меѓу Сулејман и Хурем може да се очекува огромен успех на киноблагајните.









