[ВИДЕО] Ноќна кражба на кујна: Мачки фатени на камера

Точка

06/06/2026

09:34

741

Големина на фонт

а а а

Едно британско семејство вели дека нивниот живот се претворил во „сапуница“ откако откриле дека три мачки од соседството им влегуваат во кујната и крадат храна.

Семејството Раунд од Борн во Линколншир пред шест месеци поставило камера за да открие кој од нивните миленици го уништува каучот и прави неред додека тие спијат, пишува Би-би-си.

Велат дека биле „шокирани“ кога снимките покажале три мачки натрапници како се послужуваат со храна од чиниите и си играат со играчки со мачја трева.

„Нашите пет мачки и едно куче очигледно не ја вршат баш најдобро работата кога станува збор за чување на куќата“, изјавил Сајмон Раунд.

Раунд почнал да истражува откако забележал дека храната за мачките и кучето „исчезнува со неверојатна брзина“, а набрзо ги открил и виновниците.

„На почетокот нѝ беше многу смешно. Големи љубители сме на животни. Нè забавуваше, но тоа прилично брзо ни помина“, рекол тој.

„Секое утро се будиме и ги проверуваме телефоните за да видиме колку ноќни посетители сме имале и колку од нив се обиделе да влезат низ вратницата за мачки. Прилично е забавно“, додал Раунд.

Меѓу мачките што ги снимила камерата бил и Тригер, црно-бел мачор. Неговите сопственици, кои живеат во близина, дури и преку Фесјбук го пријавиле како исчезнат.

Попаметни отколку што се мислело

Во обид да ги запре непосакуваните гости, семејството поставило вратница за мачки што се отвора со помош на микрочип, но тврдат дека тоа не го решило проблемот.

„Мислевме дека тоа ќе реши сè. На почетокот и изгледаше така, сè додека не сфативме дека мачките се многу попаметни отколку што мислевме. Почнаа да влегуваат веднаш зад нашите мачки кога тие ќе поминеа низ вратницата“, објаснил Раунд.

Друга црно-бела мачка, на која семејството ѝ го дало прекарот „Феликс“, исто така редовно доаѓала во ноќни посети, заедно со уште една мачка што ја нарекле „Врескачки Боб“ (Screaming Bob).

Семејството не знае чии се овие две мачки и покрај обидите преку социјалните мрежи да ги пронајдат нивните сопственици.


Ниту една од нив немала микрочип.

„Не сакаме да ги бркаме мачките, ги сакаме, но за жал не можеме да ја храниме секоја мачка во соседството“, истакнал Раунд.

Даниел Ворен-Камингс, експерт за однесување на мачки од организацијата „Cats Protection“, рекол:

„Микрочипирањето на мачката е мудра мерка на претпазливост ако се изгуби и почне да посетува туѓи домови во потрага по храна“.

Тој нагласил: „Ако сакате да спречите мачки да влегуваат во вашиот дом, вратниците што се активираат со микрочип, како и поставувањето физички пречки пред нив, можат да помогнат вашето милениче да биде безбедно, а вие да бидете без грижи“.