По 60 години се појавила опасна мува: Се отвораат живи рани, а ларвите јадат сѐ пред себе - еве колку е опасна за луѓето

Точка

04/06/2026

15:17

1.815

Големина на фонт

а а а

За првпат по 60 години, во Соединетите Американски Држави е откриен паразит што јаде месо и напаѓа топлокрвни животни.

Министерството за земјоделство на САД (USDA) доцна во вторникот објави дека нов вид мува, која се проширила низ Мексико во текот на изминатата година, сега е пронајдена кај во Тексас, објави „Ројтерс“.


Случајот е потврден во градот Ла Прахор, на околу 48 километри од границатамеѓу САД и Мексико. Американските сточари стравуваат дека епидемијата може да ги десеткува нивните стада, што ќе доведе до помало производство на говедско месо и повисоки цени за потрошувачите.

Овие муви се паразити чии женки положуваат јајца во отворени рани и мукозни мембрани на животните. Кога јајцата се изведуваат, стотици ларви ги користат своите остри делови од устата за да го пробијат живото ткиво и да го проголтаат, што на крајот доведува до смрт на животното доколку не се лекува.

Воспоставен карантин, ризикот за луѓето е низок

Првиот случај во последните 60 години е откриен кај теле старо три недели, чии ларви биле пронајдени во пределот на папокот. Бидејќи инфекцијата најчесто се шири со движење на заразени животни, Министерството за земјоделство на САД и властите во Тексас воспоставуваат зона за надзор и карантин во радиус од 20 километри.

Оваа мува може да зарази луѓе и домашни миленици, но ризикот за луѓето е мал, а ваквите случаи се ретки. Министерството, исто така, наведува дека мувата не претставува закана за безбедноста на храната.

Критики поради бавниот одговор

Властите планираат да ослободат милиони стерилни мушички за да го спречат ширењето. Женките се парат само еднаш во животот, па јајцата што ги положуваат по парењето со стерилни мажјаци ќе бидат неоплодени. Министерството за земјоделство на САД тврди дека се подготвувале за можна епидемија и дека нивните напори го одложиле пристигнувањето на паразитот за една година.


Министерката за земјоделство, Брук Ролинс, ги уверила сточарите дека персоналот на USDA веќе е во Јужен Тексас за да обезбеди поддршка и ги повикала да бидат дополнително внимателни. Сепак, комесарот за земјоделство на Тексас, Сид Милер, го критикувал одговорот на федералната влада.

„Наместо да ги користи сите алатки што му се на располагање, Министерството реагираше премногу бавно и се потпираше исклучиво на делумно решение, чија целосна имплементација ќе трае со години“, изјавил тој за „Ројтерс“, осврнувајќи се на ослободувањето на стерилни мушички.