[ВИДЕО] Снимка предизвика бура од реакции: Рахим Стерлинг под истрага по несреќа на автопат

Точка

02/06/2026

10:29

652

Големина на фонт

а а а

Англискиот фудбалер Рахим Стерлинг се најде во центарот на вниманието на британската јавност откако беше објавена видеоснимка од неговото возење непосредно пред сообраќајна несреќа на автопатот М3 во англиската грофовија Хемпшир.

На снимката, која ја објави „Daily Mail“, се гледа како Стерлинг управува со луксузен „Lamborghini“ вреден околу 315.000 евра. За време на возењето повеќепати нагло менува ленти без да ги вклучи трепкачите, го пресекува сообраќајот преку неколку ленти, а во еден момент за малку ќе удри во централната заштитна ограда.

Само неколку минути подоцна, тој изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната ограда покрај патот.


Британската полиција го привела Стерлинг под сомнение дека управувал возило под дејство на недозволени супстанци, поради опасно возење, поседување дрога и одбивање да даде примерок за тестирање. По сослушувањето бил пуштен на слобода, додека истрагата продолжува.

Снимката до медиумите ја доставил инструктор по возење кој во тој момент со своето семејство се наоѓал на истата делница од патот.


„Автомобилот одеднаш ми се уфрли пред мене и ме натера да забавам. Возеше многу непредвидливо. Дури подоцна дознав дека зад воланот бил Рахим Стерлинг. Како инструктор по возење, загрижен сум бидејќи можеше сериозно да ги загрози и себеси и другите учесници во сообраќајот“, изјавил сведокот.

Полицијата потврди дека во несреќата нема повредени лица и дека ниту едно друго возило не било вклучено во инцидентот.


Стерлинг така се најде во незавидна ситуација во период кога неговите поранешни соиграчи од репрезентацијата на Англија се подготвуваат за настап на претстојното Светско првенство.