Француските медиуми открија со каков проблем се соочува Вилијам Салиба

Дерби

02/06/2026

12:42

220

Големина на фонт

а а а

Францускиот селектор сериозно смета на Вилијам Салиба за СП 2026, па последните информации дека дефанзивецот е повреден предизвикаа паника во француската фудбалска јавност.

Салиба има хроничен проблем со грбот и наводно само ја влошил состојбата со тоа што одигра повеќе од 120 минути во финалето на Лигата на шампионите, а денеска треба да се појави во тренинг центарот на националниот тим.

Француските медиуми ги смируваат фановите со информацијата дека не се работи за сериозен проблем, односно Салиба навистина има болки во грбот, но тоа не е нешто поради што би го пропуштил мундијалот.

Можеби е очекувано да биде поштеден од претстојните пријателски натпревари за да има простор за одмор во пресрет на поважните дуели на СП, но селекторот Дидие Дешамп добил уверување од лекарскиот тим дека не се работи за повреда која може да ја остави репрезентацијата без еден од клучните играчи.

Франција во четврток ќе се соочи со Брегот на Слоновата Коска, четири дена подоцна ќе игра против Северна Ирска, а СП го започнува со настап на 16. јуни.