Легендарниот Кањизарес сочувствува со Раја: Жал ми е што го снајде мојата судбина

Дерби

02/06/2026

12:39

249

Големина на фонт

а а а

Финалето на Лигата на шампионите и победата на ПСЖ против Арсенал и натаму е топ тема во фудбалската јавност и носи интересни коментари од познати фудбалски имиња.

Поранешниот шпански голман, Сантијаго Кањизарес за шпанските медиуми ги коментирал случувањата во Будимпешта, истакнувајќи дека му е многу жал што неговиот сонародник и колега по позиција, Давид Раја останал со празни раце.

Кањизарес нашол многу сличности меѓу Арсенал и неговата генерација на Валенсија, која два пати загуби во финалето на ЛШ.

– Жал ми е што Арсенал ме потсетува на мојата Валенсија.

– И за нив ова беше второ финале во ЛШ и вторпат загубија. Голманот Раја имаше девет „чисти мрежи“ во текот на сезоната и остана со празни раце и не ја освои европската титула.

– Дали знаете кои голмани имале девет „чисти мрежи“ во текот на европската сезона и не го освоиле трофејот? Раја и јас, двете „будали“ кои не победија и загубија на пенали. Ние сме двајца шпански „идиоти“, – рекол Кањизарес.

Валенсија во 2001 година го загуби второто финале и тоа на пенали против Баерн Минхен.