Арсенал беше блиску до трофејот во Лигата на шампиони повеќе од било кога, но на крајот пенал рулетот во Будимпешта се покажа како кобен за Микел Артета и неговите избраници.
Голманот Матвеј Сафонов немаше ниту една интервенција во текот на мечот и во пенал рулетот, но Габриел и Езе се погрижија ПСЖ да ја освои титулата со своите промашувања, и тоа со удари со кои не го погодија голот.
Како последен изведувач во петтата серија, Габриел го понесе епитетот на трагичар, но дел од фановите се најмногу лути на големото летно засилување Езе.
Еберечи не е докажан како добар пеналџија, а по смешната пенал техника која ја презентираше на „Пушкаш арена“, се појавија и негови видеа од времето во Кристал Палас.
Езе не промашува пенал за првпат во кариерата со пенал техниката која ја фаворизира, па фановите се прашуваат како фудбалер од такво ниво не успева да научи од своите грешки…
I hate a person who doesn’t learn his mistakes 🤦♂️ pic.twitter.com/N3c42ltLHB
— 🥤𝐁𝐚𝐧𝐤𝐬 (@_Afcbanks) May 30, 2026







