Бразил се прикажа во фуриозно издание, цел противнички тим чекаше ред за да се слика со Нејмар

Дерби

01/06/2026

14:48

216

Големина на фонт

а а а

Бразил се прикажа во фуриозно издание на првиот од двата предвидени теста пред стартот на Светското првенство, бидејќи рано утрово на домашен терен ја декласираше Панама со 6:2.

Тимот на Карло Анчелоти беше мотивиран да се покаже во добро светло пред преполната „Маракана“, а покрај осумте гола кои беа видени на теренот, интересни ситуации имаше и по крајот на истиот.

Шесте погодоци во мрежата на ривалот се добра увертира во пресрет на мундијалот, нешто од кое задоволен може да биде и Нејмар кој поради повреда не играше против Панама.

Ѕвездата на Сантош се очекува да биде подготвена за вториот меч на мундијалот, но иако не беше дел од протоколот, Нејмар се симна на теренот и го украде шоуто меѓу противничките фудбалери.

По последниот судиски свиреж, цел тим на Панама чекаше ред за да се слика со Нејмар, а тоа го направија и луѓето од стручниот штаб на Панамците.