Еден ден по големото финале во Будимпешта, УЕФА ги издвои најдобрите поединци во сезоната на која вчера официјално и беше спуштена завеса, но ги избра и идеалните 11 кои ги одбележаа изминатите девет месеци.
Сосема очекувано, ПСЖ доминира во тимот на сезоната и има пет претставници меѓу идеалните 11 во Маркињос, Мендеш Витиња, Кварацхелија и Дембеле, три претставници има Арсенал во Раја, Габриел и Рајс, Арсенал следи со два (Олисе и Кејн), додека единствен претставник на Атлетико Мадрид е Љоренте.
👕🙌 UEFA's Technical Observer Group has selected its 2025/26 UEFA Champions League Team of the Season... #UCL pic.twitter.com/4Ay7qHP3uj
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) May 31, 2026
УЕФА ги состави најдобрите 11 од играчи кои беа дел од полуфиналињата во Лигата на шампиони, но исто така, додели и две индивидуални признанија.
Квича Кварацхелија е избран за МВП и играч на сезоната во најелитното европско натпреварување, додека за откровение на сезоната е избран Арда Ѓулер.
Реал Мадрид втора година по ред остана без трофеј, но Арда понуди навистина извонредни партии со кои го привлече вниманието на УЕФА.






