Полемика на Ролан Гарос: Судијката му украде добиен сет на Руд, Фонсека испиша историја пред очите на Куертен

Дерби

01/06/2026

12:14

248

Големина на фонт

а а а

Жоао Фонсека и Каспер Руд одиграа извонредно осминафинале на Ролан Гарос, а поради големиот труд кој го вложија двајцата, мечот заврши нешто после полноќ во Париз.

Младиот Бразилец потврди дека неслучајно се врати од два сета негатива и го победи Новак Ѓоковиќ, па рано утрово стана првиот Бразилец кој се пласирал во четвртфинале на Ролан Гарос после легендарниот Густаво Гуертен.

За да биде уште подобро за него, Фонсека го направи тоа пред очите на Гуга, кој со големи емоции и со јужноамериканска страст го бодреше младиот сонародник од трибините.

Фонсека славеше со 3:1 во сетови и прикажа извонредна игра, но мора да се признае дека Руд беше и жестоко оштетен во овој меч, и тоа во ситуација кога се кршеше резултатот.

При водство од 8:7 во тајбрејкот од вториот сет, Руд веќе требаше да отиде на пауза со резултат 1:1, но наместо тоа, судијката му украде чист поен.

Форхендот на Фонсека заврши во аут, но судијката процени дека топчето „закачило“ дел од линијата, нешто што не беше потврдено од видео технологијата.

Ролан Гарос е единствениот грен слем турнир на кој не се користи „Соколово око“, а тоа е единствената причина поради која Руд губеше со 2:0, наместо да има 1:1.