Борис Ројевиќ пристигна во Охрид за да гради еден сосема нов и амбициозен проект, а една година подоцна, српскиот стручњак се огласи пред македонската јавност со златен медал на своите гради.
Охрид испиша историја вчера во „Билјанини Извори“ и со втора победа над Татабања стигна до трофејот во ЕФХ Купот, натпреварување кое втора година по ред го освојува македонски тим.
После Алкалоид, најуспешни во третото по ранг европско натпреварување беа „гладијаторите“, кои оваа година за свој лидер го имаа токму Ројевиќ.
Србинот изгради извонредна хемија во тимот и Охрид вчера победи колектив кој е три или четири пати поскап, па Ројевиќ не пропушти да го нагласи тоа во обраќањето кое го имаше по незаборавните сцени во салата.
– Ова немаше да биде возможно без градоначалникот, без спортскито директор, извонредните играчи кои работеа напорно цела година и без фантастичните навивачи кои не туркаа цела сезона. Се функционираше совршено, цел град не туркаше и ни даде енергија да победиме тим кој е три или четири пати поскап од нашиот. Да ги погодевме зицерите, ќе беше преку десет голови разлика, – изјави Ројевиќ.







