Мачката на Карл Лагерфелд остана без наследство од милион и пол долари

Точка

01/06/2026

12:41

664

Големина на фонт

а а а

Ја нарекуваа најбогатата мачка на светот. Навикната на приватни авиони и личен готвач, Шупет (Choupette) со години уживаше во живот исполнет со луксуз.

Оваа расна бирманска мачка беше омилениот миленик на германскиот моден дизајнер Карл Лагерфелд, а по неговата смрт во 2019 година, наводно требаше да наследи најмалку 1,5 милиони долари.

Сепак, денес е без пари и живее благодарение на грижата на поранешната домаќинка на Лагерфелд.

„Не добивме апсолутно ништо“, изјави Франсоаз Какот, долгогодишната куќна помошничка на Лагерфелд.

„Работам хонорарно за да можам да ја издржувам“, изјавила таа за магазинот „Atlantic Magazine“.

Лагерфелд, долгогодишен креативен директор на модната куќа „Chanel“, јасно ставил до знаење дека сака Шупет да биде добро згрижена по неговата смрт.

„Се трудам да ги испочитувам неговите желби најдобро што можам“, рече Какот.

Шупет, која денес има 14 години, живеела со Лагерфелд во неговата вила во Париз, вредна околу 10 милиони фунти, на брегот на Сена, каде што јадела од дизајнерски чинии на модната куќа „Maison Goyard“. Карл толку многу ја обожувал својата бирманска мачка што ја носел на патувања со приватен авион, ѝ отворал профили на социјалните мрежи и ја вклучувал во модни кампањи.


Денес мачката мора да дели стан со помошничката Франсоаз, нејзиниот сопруг, нивните деца и уште една вдомена мачка.

Тоа е голем пад во однос на животот што го водела додека Лагерфелд бил жив.

„Имам само една голема љубов: мојата мачка Шупет. Таа е центарот на мојот свет“, велеше славниот дизајнер.


Шупет своевремено стана една од најплатените мачки-модели во светот. Само во текот на 2014 година заработила околу три милиони долари од рекламни кампањи.

Сепак, по смртта на Лагерфелд нејзината кариера забавила, бидејќи повеќе немало личност која ги организирала и водела нејзините ангажмани.

Во меѓувреме, тестаментот на Лагерфелд се оспорува на суд. Поединци тврдат дека дизајнерот во моментот на составување на тестаментот не бил целосно присебен кога одлучил своето богатство, проценето на 150 милиони долари, да им го остави на конкретни наследници.


Дополнителен проблем претставува и францускиот закон, кој не им дозволува на животните директно да наследуваат пари или имот.

„Морав да ангажирам многу скапи адвокати за во свое име да го побарувам наследството“, изјавила Франсоаз Какот за „Daily Mail“.