[ВИДЕО] Туристка се искапе во културно-историски споменик: Пливала во римската Фонтана ди Треви

Точка

31/05/2026

09:09

976

Големина на фонт

а а а

Една туристка го привлекла вниманието на минувачите и обезбедувањето откако влегла и запливала во познатата римска Фонтана ди Треви за да сними содржина за социјалните мрежи.

Според изјавите на сведоците, жената влегла во водата на еден од најпознатите светски споменици, додека лицето кое било со неа го снимало целиот настан. Нејзината намера била да создаде атрактивно видео за социјалните мрежи, но потегот не поминал незабележано.

Кратко откако влегла во фонтаната, реагирале припадниците на обезбедувањето, кои ѝ пришле и ѝ наредиле да излезе од водата. По кратката интервенција, туристката била изведена од фонтаната пред бројни туристи кои во тој момент се наоѓале на популарната римска локација.


Снимката од инцидентот брзо се проширила на социјалните мрежи и предизвикала бројни реакции кај корисниците. Додека едни го опишале настанот како безопасна потрага по внимание на интернет, други го критикувале непочитувањето на културно-историското наследство.

Фонтаната ди Треви е една од најпознатите туристички атракции во Италија и секоја година привлекува милиони посетители од целиот свет. Влегувањето во фонтаната е строго забрането, а прекршителите можат да бидат казнети со парични казни.

Властите во Рим во последните години ги засилија мерките за заштита на културните споменици поради сè почестите инциденти поврзани со снимање содржини за социјалните мрежи и неодговорно однесување на туристите.