[ФОТО] Најпознатиот бивол во светот поштеден од смрт: Доналд Трамп го преживеа годинашниот Курбан Бајрам

Точка

28/05/2026

16:22

1.199

Големина на фонт

а а а

Албино биволот, кој неверојатно потсетува на американскиот претседател Доналд Трамп, во последен момент бил спасен од жртвување по интервенција на владата на Бангладеш.

Животното тешко 750 килограми има препознатлива руса коса, што ги забавувало локалните жители, кои одлучиле биволот да го наречат токму Доналд Трамп поради сличноста со американскиот лидер, пренесе „Дејли мејл“.

Розовата текстура на кожата дополнително го издвојува од остатокот од стадото и му дава зачудувачка сличност со републиканецот. Откако животното стана вирално на социјалните мрежи, привлече огромен метеж на фармата во Нарајангањ, во близина на главниот град Дака.


Меѓутоа, бидејќи бил продаден за колење по повод празникот Курбан-бајрам, требало да биде жртвуван. Сепак, Министерството за внатрешни работи на Бангладеш интервенирало во последен момент, повикувајќи се на безбедносни причини.


Министерот за внатрешни работи Салахудин Ахмед наредил биволот да биде поштеден, на купувачот да му бидат вратени парите, а животното да биде префрлено во националната зоолошка градина во Дака.


„Во последен момент беше донесена одлука биволот да биде поштеден од жртвување поради безбедносни причини и невообичаено големиот интерес на јавноста“, изјавил еден претставник на министерството.

Сопственикот на животното, Зијаудин Мрида, изјавил дека обожавателите доаѓале да се фотографираат покрај необичното животно откако станало вирално на социјалните мрежи.


„Мојот помлад брат на шега го нарече Доналд Трамп кога ги виде прамените на неговата глава. По природа е многу мирен. Албино биволите генерално се питоми и не стануваат агресивни, освен ако не се испровоцирани“, рекол Мрида.

Еден посетител се согласил со тоа, велејќи за весникот „Prothom Alo“:


„Кога ги видов неговите фотографии на Фејсбук, изгледаше целосно како Доналд Трамп. Неговите црти на лицето, па дури и фризурата, се совпаѓаат со Трамповите. Биволот е многу мирен и љубезен по природа, што дефинитивно не се совпаѓа со Доналд Трамп“.