Од зајдисонце до изгрејсонце - летото е уште подобро кога си секогаш поврзан каде и да те однесе забавата. Ибица и Миконос ова лето се повторно епицентарот на глобалната летна сцена, каде денот и ноќта се спојуваат во бескраен ритам, а светските DJ имиња, beach клубовите и легендарните зајдисонца создаваат искуство кое мора да се доживее.
Од првите зраци на сонцето на плажа, преку бескрајните попладневни моменти покрај море, па сè до легендарните ноќни забави што траат до изгрејсонце овие дестинации живеат во сопствена временска зона, каде секоја секунда е вредна за доживување и споделување.

Ибица е светската престолнина на електронската музика и остров каде забавата никогаш не застанува. Од дневни забави на плажа, коктел во рака и музика покрај море, до легендарните ноќни сетови во клубовите како Ushuaïa Ibiza, Amnesia Ibiza и Pacha Ibiza – целиот остров пулсира во ритам што не запира со изгрејсонцето... На Ибица, секое зајдисонце е вовед во нова авантура, а секоја ноќ изгледа како сцена од музички спот што никогаш не сакаш да заврши. Секој момент веднаш се споделуваат видеа од концерт, фотографии од зајдисонце, локации од најдобрите барови на плажа или повик до друштвото за следната журка.

Миконос носи поинаква, автентична грчка летна магија со бели куќи со сини прозорци, тесни калдрмисани улички, масички за вечера покрај море и топол егејски ветер што не престанува да дува ни навечер. Деновите таму течат бавно, со долги ручеци, ладно вино и сонце што се прелива врз белите фасади, а штом ќе зајде сонцето, островот добива сосема нов ритам. Од зајдисонце во Little Venice, до танцување боси на песок на Paradise Beach, Миконос ја носи онаа безгрижна грчка енергија поради која секоја ноќ изгледа како да ќе трае засекогаш. А кога секој агол изгледа како разгледница, природно е фотографиите, сторињата и видеата веднаш да завршат споделени со пријателите, без размислување дали конекцијата ќе издржи.

А токму тоа е заедничкото за Ибица и Миконос, таму сè се случува брзо, спонтано и без пауза. Моментите на зајдисонце, музиката, смеата со пријателите и ноќите што преминуваат во изгрејсонце не се оставаат за подоцна, туку се живеат и споделуваат во истиот момент. Во таков динамичен летен ритам, поврзаноста станува дел од самото искуство, преку непрекинато споделување фотографии и видеа, користење интернет за мапи и истражување на дестинациите низ островите, слушање музика, livestream од омилениот DJ сет или едноставно останување поврзан со друштвото каде и да те однесе вечерта.
За корисниците на Македонски Телеком патувањето на локации низ Европа и светот значи слобода да се биде постојано во движење, поврзан со најблиските, без грижа за прекини и со секогаш достапен роаминг интернет во преку 60 земји. Од live моменти на зајдисонце во Ибица, до споделување на ноќната еуфорија во Миконос секој момент може да се пренесе веднаш, токму онака како што се случува, без ограничувања и без „ама чекај, немам роаминг…“. Кога летото се живее со полна енергија, и поврзаноста треба да биде неограничена.








